Ромаверзитас започна со активности насочени кон средношколци Роми. Една од нив е менторството на врсници (peer mentorship)
Летна Школа
Ромаверзитас организира летни школи за најуспешните студенти преку кои ги подигнува нивните вештини
Социјална Правда
Ромаверзитас имплементира и активности насочени кон студенти не-Роми. Една од нив е тренингот за социјална правда (social justice)
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8-ми АПРИЛ
По повод „8-ми Април - Меѓународен ден на Ромите, група на млади ја започнаа иницијативата: „Младите за 8-ми Април“ чија генералната цел е одбележување на овој празник со порака за интеграција помеѓу Ромите и не-Ромите и побивање на предрасудите и стереотипите што ги имаме едни кон други.
Иницијативата започна со online teaser кампања, каде преку 100 млади луѓе постираа иста профил слика од 01 – 06.04.2012 на социјалната мрежа facebook. Целта беше да се привлече внимание на младите кон овој ден и да се вклучат во кампањата.
Главна активност на иницијативата е dance mob, преку што како алатка се пренесе целосната порака за 8ми април – ЗАПОЗНАЈ СЕ ! ИЗМЕШАЈ СЕ ! ПРИФАТИ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ ! од страна на 40 млади, кон останатите присутни млади и граѓани.
Поддржувачи на иницијативата Младите за 8ми април се: Ромаверзитас/ФООМ, Младински Образовен Форум (МОФ) и Градски Трговски Центар (ГТЦ).
Дел од учесниците на клубот за Учиме Право беа дел од групата која ја посети Владата на Република Македонија и се здоби со информации за работата, министерствата и секторите на Владата.
Средношколците Роми исто така, го посетија и Секретаријатот за Европски Прашања. Во рамките на посетата средношколците имаа можност да се запознаат со улогата и надлежностите на Секретаријатот за европски прашања како и со работата на секторите во рамки на СЕП. Тие исто така се информираа за активностите кои се преземаат во насока на исполнување на критериумите за членство во Европската унија и подготовките за процесот на преговори. СЕП и МОФ известуваа за настанот.
ДЕБАТЕН КЛУБ И КЛУБ ЗА УЧИМЕ ПРАВО НА РОМАВЕРЗИТАС/МОФ
Ромаверзитас за потребите на клубовите за Учиме право и Дебата креираше Фејсбук група. На оваа група може да најдете информации за следните часови на клубовите, фотографии и слично.
Ромаверзитас со поддршка на Младинскиот Образовен Форум (МОФ) започнува со предавања за Дебата кои се наменети за сите средношколци Роми од Скопје.
Првото предавање ќе биде во Среда, 09.11.2011год во 19:00 часот.
Ги покануваме сите средношколци Роми од Скопје да земат учество на серијата предавања за Дебата.
Повеќе информации на тел. 3296-142 и во Ромаверзитас на ул. Мирче Мацан бр. 26, 1000 Скопје
Документарен филм
ЛАБОРАТОРИЈА НА УСПЕХОТ-РОМАВЕРЗИТАС
Ромаверзитас подготви документарен филм „Лабораторија на успехот“ по повод својата 10 годишнина. Филмот можете да го погледнете подолу. Се надеваме на Вашите коментари и критики.
документарен филм „Лабораторија на успехот“
ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА „ЕТНИЧКАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА Е ПРЕЧКА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ“
Јавната дебата на тема „Етничката дискриминација е пречка за социјална интеграција на младите" се одржа во Мултимедијалниот центар на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на 18.05.2011.
Младите дискутираа за прифатеноста на различностите меѓу етникумите во нивната средина, во образовните институциии и генерално состојбата во меѓуетничките односи во Македонија.
Организатори на настанот се Ромаверзитас, Младински образовен форум, Фондација за развој на локалната заедница Штип.
Извештај од истражување
Ромаверзитас/ФООМ продуцираше извештај од истражување на тема „Толеранцијата кај студентите“.
Извештајот е продуциран како дел од активностите на Студентските иницијативи и проекти за академската 2010/2011 година.
За да го видите извештајот, кликнете тука
За да го сочувате извештајот на Вашиот компјутер, кликнете тука
Ромаверзитас/ФООМ ве поканува на промоција на краткиот филм: Лабораторија на успехот – Ромаверзитас – посветен на 10 годишнина на постоење на програмата Ромаверзитас.
Место на одржување: ГЕМ Клуб стара чаршија, Скопје
Датум на одржување: 29.09.2011 Почеток на промоцијата на филмот: 11 часот
Го очекуваме вашето присуство за заедно да го прославиме постигнатиот успех од изминатите 10 години.
Не е потребно пријавување присуство за настанот.
Со Почит,
Тим на Ромаверзитас/ФООМ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ
Ромаверзитас/ФООМ Ве покануваат на презентација од имплементирано истражување на тема „Толеранцијата кај студентите“ која е дел од предвидените активностите на Студентските Иницијативи и проекти за академската 2010/2011 година.
Место: ГЕМ Клуб стара чаршија, Скопје
Датум: 28.09.2011год (Среда)
Време: 10:00ч
Го очекуваме Вашето присуство.
Со Почит,
Тим на Ромаверзитас/ФООМ
РОМСКИ ЈАЗИК
Почитувани студенти !
За прв патна Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ Скопје, имате можност да изберете и учитеРомски јазик
(предмет по слободен избор или како странски јазик за студентите од I и II година кои студираат на сите факултети во рамките на УКИМ)
Само во Европа, ромскиот јазик го говорат над 10 милиони Роми;
Спаѓа во групата на индоевропски јазици;
Потекнува од староиндискиот јазик санскрит;
Во програмата која предвидува учење на ромскиот јазик, меѓу другото, низ предвидените текстови за обработка ќе имате можност да се запознаете и со дел од ромската култура, традиција и творештво.
Подетални информации и контакт можете да добиете кај професорот Љатиф Демир
на e-mail
Исто така, информации можете да добиете и во Библиотеката на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ Скопје.
[Јавна дебата]: Етничката дискриминација како пречка за социјална интеграција на младите
Ромаверзитас креираше блог на Рома Индекс со цел студентите Роми од Македонија и целиот свет да пишуваат на теми блиски до Ромите и образовниот процес, да читаат претходно објавени текстови од печатените изданија на Рома Индекс и да не контактираат. За да го видите блогот кликнете на линкот подолу.
Ромаверзитас располага со просторија за состаноци и работилници. Во просториите се наоѓа и мала библиотека со академска литература (примарна и секундарна) која може студентите да ја користат за учење, подготовка за семинарска работа или есеј. Просториите се опремени со 5 персонални компјутери со пристап до интернет и принтер, сето тоа наменето за потребите на студентите.
Ромаверзитас работи од 9 до 17 часот од Понеделник до Петок.
Користењето на ресурсите на Ромаверзитас е бесплатно. Услов за користење на ресурсите е да си редовен студент на некој од државните универзитетите во Р.Македонија.
Донатори
Активностите на Ромаверзитас се поддржани од Ромскиот Едукативен Фонд-Будимпешта и Програмата УСАИД.
Им благодариме за подршката.