Програмата за континуирана академска поддршка има за цел да им помогне на студентите-Роми полесно да ги премостат евентуалните пропусти што ги имаат од претходниот степен на образование, многу често како резултат на понискиот квалитет на образование карактеристичен за училиштата во чисто ромски средини.
Студентите во рамките на оваа програма се здобиваат со базични, но и со напредни академски обуки, дизајнирани според нивните потреби и интереси, а имајќи го притоа предвид нивното општо оптоварување во текот на студиите. На пример: пишување есеј, Академско пишување и читање, комуникациски вештини, методологија на научното истражување, пишување извештај за спроведено истражување, стратегии за учење итн. Обуките во најголем дел се спроведуваат од млади и мотивирани асистенти, професори и професионалци докажани во својата област кои креираат и имплементираат практични и интерактивни тренинг програми, сочинети од теориски и практичен-апликативен дел.
|