Фондација Институт отворено општество-Македонија / Ромаверситас
објавува
Конкурс за 20 студенти Роми за учество на Летна Школа 2008
Ромаверзитас е универзитетска компонента на Програмата за образование на Роми на Фондација Институт отворено општество- Македонија (ФИООМ), финасирана од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта. Ромаверзитас обезбедува образовна поддршка за студентите Роми запишани на студии на универзитетите во Република Македонија, насочена кон зголемување на стапката на проодност во студиите и нивните лични капацитети. Крајната цел на Ромаверзитас е создавање квалитетен и професионален кадар меѓу Ромите и нивно вклучување во сите сфери на општеството.
Основни информации за Летната Школа 2008 и критериуми за пријавување:
Летната школа е една од активностите на Ромаверзитас финансирана од Американската Агенција за меѓународен развој ( УСАИД) наменета за студиите Роми и за натамошно зајакнување на нивните академски капацитети.
Летната школа 2008 ќе се оддржи од 12 до 17 јули, 2008 г. (5 дена) во хотел Климетица во Охрид. Програма за образование на Роми ќе ги покрие целокупните трошоци за сместување,како и трошоци за автобуски превоз Скопје – Охрид – Скопје организиран од Ромаверзитас.
Предност за пријавување и учество ќе имаат стипендистите на Ромаверзитас кои успешно ја запишале академската 2008/09 г. како и студентите Роми со поголем број положени испити и висок среден академски успех. Селектираните учесници ќе тргнат од Скопје на 12 јули во 10.00 часот од пред просториите на Ромаверзитас.
Летната школа 2008 ќе се реализира преку следниве 3 модули:
- Техники и начини за ефентивно учење ( 2 дена)
- Форми на пишување ( 1 ден)
- Методологија на научно истражување и пишување извештаи ( 2 дена)
Цели на модулите – Летна Школа 2008
- Техники и начини за ефективно учење
Студентите да можат да ги идентефикуваат пречките при учењето,да стекнат знаења за факторите кои придонесуваат за успех или неуспех и да ги применуваат техники за учење со разбирање кои поттикнуваат критичко размислување.
- Форми на пишување
Студентите да ги совладаат вештините за неколку форми на формално пишување ( професионални писма како најмасовен облик на комуникација, есеј и извештај) и да го подобрат стилот на писмена комуникација. Акцент ќе биде ставен на јазикот и на правописот како клучни елементи за добро писмено изразување.
- Методологија на научно истаржување и пишување извештаи
Студентите да се стекнат со базични информации од областа на методологијата на научните истражувања и да се здобијат со знаење и вештини за:
- методолошки пристап кон одреден проблем
- увид во правилата за изработка на скица и вештини за изработка на истата
- избор на метод за научно истражување
- користење на извори на податоци и како да се дојде до нив
- вовед во правилата и начините за изработка на анкетни прашалници
- изготвување на анкетен прашалник
- интерпретурање на податоци од спроведено истражување
Потребна документација за пријавување
- Потреба за највисок запишан академски семестар во академската 2007/08 година ( само за студенти кои не се стипендисти на Ромаверситас / ФИООМ)
- CV (куса биографија) во коај треба да бидат назначени последниот заверен семестар/академска година, вкупниот број на испити во тековната годинаи вкупен број положени испити и средниот академски успех
- Писмо за мотивација во коетреба да се објаснат мотивите за пријавување како и да се образложи зошто темите кои ќе се обработат на оваа летна школа се важни и како/каде студентот планира да ги приемни стекнатите знаења ( на 2 страници)
- Копија од индекс
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат
Селекција
Селекцијата на најмногу 20 студенти ќе се направи врз основа на квалитетот на приложените документи, како и врз основа на критериумите за пријавување назначени во овој конкурс.
Краен рок за пријавување е 3 ти јули, 2008, до 16 часот |
Прашања и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Ромаверзитас – Македонија, ул. Мирче Мацан бр.26, Скопје, тел: 02/ 3296 – 142, факс: 02/ 3296 – 143, секој работен ден од 10.00-16.00 часот, или на веб страницата на Ромаверситас- Македонија www.romaversitas.edu.mk
Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок лично во просториите на Ромаверзитас или по електронска пошта на следнава адреса:
ndavceva@romaversitas.edu.mk со назнака: ЗА ЛЕТНА ШКОЛА 2008. Лице за контакт: Наташа Давчева- проектен асистент.
_________________________________________________________________
_____________________________________________________________________
Ромаверзитас е дел од Програмата за образование на Роми на Фондацијата
Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) кој е финансиран од
Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Ромскиот образовен
фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Ромаверзитас/ФИООМ ги нуди следниве можности за дополнителна академска
поддршка за студенти Роми за академската 2007/08 година:
Туторство - овозможува максимум 50 часови подучување за еден или најмногу за
два предмети во една испитна сесија. Можноста за туторирање ќе биде отворена во
текот на целата академска година. Целта е да се обезбеди неопходната помош по
предметите каде студентите имаат потешкотии со совладување на предвидените
наставни содржини и успешно полагање на испитите. Студентот го бира туторот
самостојно од редовите на универзитетските асистенти, постдипломци, магистри,
дипломирани или постари студенти со исклучителен успех на сите години на
студии (најмалку 8.00). Студентот го предлага туторот при пријавувањето. Право на
пријавување имаат редовните студенти запишани на било која година и област на
студии на акредитираните универзитети во РМ. Предност за користење на туторска
помош ќе имаат редовните студенти запишана 1-ва година на државните
универзитети, како и студентите од наставничките факултети.
Потребна документација за пријавување за туторска помош:
- Формулар за туторство (превземете формулар за аплицирање во програмата за
туторство);
- Индекс на увид;
-
Транскрипт на положени испити за студентите кои се на високообразовни
институции кои не издаваат индекс;
Комплетираната документација треба да се достави до назначениот рок лично и/или
по пошта на адресата на Ромаверзитас - Македонија дадена подолу. Некомплетни и
ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Прашања и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во
просториите на Ромаверзитас - Македонија, ул. “Мирче Мацан” бр.26, Скопје,
тел: 02 /3296-142, факс: 02/ 3296-143, секој работен ден од 10:00 - 16.00 часот, или на
wеb страницата на Ромаверзитас Македонија www.romaversitas.edu.mk.
Лице за контакт: Наташа Давчева - проектен асистен,
e-mail: ndavceva@romaversitas.edu.mk |