Ромаверзитас е оперативна програма на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, финансирана од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) , како концепт на неформално образование наменет за студентите Роми запишани на студии како редовни студенти на државните универзитети во Република Македонија
Целта на Ромаверзитас е поддршка на напорите за создавање квалитетен професионален кадар меѓу Ромите и зголемување на нивните капацитети за вклучување во општествените текови.
Ромаверзитас како програма започнува да се реализира од 2001 година. Низ годините се забележува пораст во бројот на студенти запишани на високо образовни институции во Република Македонија.

Ромаверзитас во академската 2007/2008 година ги достигна следните резултати:

Стипендии
Додели вкупно 35 стипендии од кои 3 студенти се очекува да дипломираат во наредниот период.

Курсеви по странски јазик и компјутери
Спроведе курсеви по странски јазик за 49 студенти и компјутери за 54 студенти Роми во приватни училишта во и надвор од Скопје кој им помогнаа на студентите за совладување на јазичните и компјутерските бариери.

Туторирање
Ромаверзитас исто така има значителен успех во програмата за туторирање на студент Роми, односно 48 туторства се реазилираа во текот на академската 2007/2008

Летна Школа
Ромаверзитас во текот на јули 2008 спроведе летна школа во Охрид каде студентите имаа можност да научат повеќе за методологијата на научното истражување и пишувањето на извештај за техниките за ефективно учење и читање и за формите на пишување. На оваа летна школа присуствува 19 студенти

Студентски Иницијативи и Проекти
Ромаверзитас во текот на изминатата академска година отвори два повика за студентски иницијативи и проекти четири студентски иницијативи ќе започнат со нивно спроведување од февруари 2009 година за кој повеќе информации ќе добиете во наредниот 19-ти број на Рома Индекс

Работилнци
Во академска 2007/2008 годинабеа спроведени 5 работилници на следниве теми: Само-мотивација, Само-почит, Презентациски вештини, Комуникациски вештини, ЦВ и подготовка за работно интервју, кои на студентите им беа од голема корист. На овие 5 работилници присуствуваа вкупно 72 студенти

Рома Индекс
Ромаверзитас во текот на академската 2007/2008 ги издаде 17-от и 18-от број на студентскиот магазин Рома Индекс

Библиотека
Во текот на академската година библиотеката се збогати за 50 нови изданија на барање на студентите.

 

 

 

 

 

 
 
АРХИВА ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORPORATION I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION