Цел: Развивање на додатни академски вештини кај студентите кои им помагаат за успешно и ефективно исполнување на своите обврски низ процесот на студирање.
За кого се наменети? За сите студенти Роми кои студираат како редовни на додипломски студии на државни универзитети во Р.Македонија.
Како се реализираат? Часовите по курсот за странски јазици се одвиваат во приватни и сертифицирани училишта во Р.Македонија.
Аплицирањето се одвива преку отворен конкурс за учесници на курсот по странски јазици кој Ромаверзитас го објавува на нашата веб страна, профилот на Ромаверзитас на Фејсбук и нашата емаил листа.
Рокот за аплицирање на академска 2010/11 година е завршен!
Контакт лице за туторство: Аздријан Мемедов - Проектен Асистент


