Ромаверзитас покрај финансиската нуди и менторска (туторска) поддршка за студентите Роми, со цел полесно надминување на нивните економски пречки, полесно совладување на предвидените наставни програми и содржини и успешно завршување на нивните студии. Програмата за менторирање опфаќа два вида менторство: менторство од страна на универзитетски професори и/или асистенти и ментори врсници. Студентите Роми имаат можност да бираат помеѓу овие два типа на менторство во зависност од нивните академски потреби и интереси.
Менторот го “води” студентот низ студирањето и му обезбедува не само академска помош туку му помага да ги развие сопствените вештини за учење, полесно да се интегрира во академскиот и општествениот живот на Универзитетот и планирање на нивната кариера во иднина.
Студентите и менторите имаат една или две средби неделно во зависност од нивните потреби. На овие средби се работи на материјалот потребен за полагање на испитите со цел полесен премин на студентот во наредна академска година.
Силната страна на оваа програма е токму во тоа што го нуди менторскиот систем, преку кој зајакнува самодовербата кај ромските студенти.
|