Сменете боја: default dark light
Менторство на студенти Роми
Something

МЕНТОРСТВО НА ВРСНИЦИ

 

Ромаверзитас ги известува сите матуранти Роми дека работи на менторство на врсници кој е определен за матурантите Роми со цел појаснување на процедурите за запишување на факултет, презентирање на профилите на факултети во Р. Македонија како и презентирање на просториите на факултетите при запишување.

Ги повикуваме сите матуранти Роми од цела Македонија да се пријават во просториите на Ромаверзитас и да добијат помош при запишувањето на факултет.

Помошта може да ја добиете преку потполнување на апликациона форма и оставање на контакти. Потоа Ромаверзитас ќе ви додели студент/ментор кој ќе ви помога во целиот процес на запишување на факултет.

Матурантите имаат можност да дојдат во просториите на Ромаверзитас секој ден од 20.06.2011 до 30.06.2011 во периодот од 09.00 до 17.00 часот.

Ве очекуваме!

Плакат за менторство



РОМАВЕРЗИТАС ОТВОРА КОНКУРС ЗА МЕНТОРИ НА ВРСНИЦИ

Ромаверзитас/ФООМ отвара повик за Ментори на врсници/матуранти за академска 2010/11 година.

Активноста менторство на врсници/ матуранти има за цел да ги охрабри и стимулира матураните да се запишат во високо образовни институции и воедно да им помогне во самиот процес на запишување.

Ментори може да бидат:

- секој студент кој ја има регистрирано академска 2010/11 година, односно заверен последен семестар;
- студент кој има желба да помогне

Студентите кои ке исполнуваат услов за ментор ќе добијат упатство од Ромаверзитас за нивните обврски и методот на работа со матурантите.

Подолу може да ги најдете конкурсот и апликацијата за ментор.

Рок за аплицирање : 15.06.2011 година

Конкурс за ментор-врсник

Апликација


РОМАВЕРЗИТАС ОРГАНИЗИРА ОТВОРЕН ДЕН ЗА МАТУРАНТИ РОМИ НА 20.06.2011

 

Ромаверзитас организира отворен ден за матурантите Роми со цел појаснување на процедурите за запишување на факултет, презентирање на профилите на факултети во Р. Македонија како и презентирање на просториите на факултетите при запишување.

Ги повикуваме сите матуранти Роми од цела Македонија да се пријавата во просториите на Ромаверзитас и да добијат помош при запишувањето на факултет.

Помошта може да ја добиете преку потполнување на апликациона форма и оставање на контакти. Ромаверзитас ќе ви додели студент/ментор кој ќе ви помога во целиот процес на запишување на факултет.

Матурантите кои нема да бидат во можност да дојдат на отворениот ден, имаат можност да дојдат во просториите на Ромаверзитас секој ден од 20.06.2011 до 28.06.2011 во периодот од 09.00 до 17.00 часот.

Ве очекуваме!

Постигнати резултати
Something

Ромаверзитас за прв пат започна со менторство за врсници како активности во 2009/10 академска година. 
Првичните постигнати резултати се следните: 24 средношколци матуранти добија менторска помош од  12 студенти/ментори.
Сите средношколци матуранти успеаа да се запишат на различни факултети во Р.Македонија како редовни или вонредни студенти.

 

Активности

Архива

dfs