РОМАВЕРЗИТАС ОТВОРА КОНКУРС ЗА ЕДНОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „НОВИ МЕДИУМИ“
Ве информираме дека максимален број на оваа работилница е 20 лица. Тренинг работилницата е дизајнирана за сите редовни студенти на додипломски студии од сите студентски години на сите факултети.
Заинтересираните студенти треба да го пријават своето учество најдоцна до 17 Јуни 2011 година до 12:00 часот.
Пријавувањето може да биде лично во просториите на Ромаверзитас или преку електронска пошта до проектниот асистент Аздријан Мемедов amemedov@romaversitas.edu.mk
Агендата за работилницата ќе биде презентирана на почетокот на самата работилница.
За Ваша информација Ве запознаваме со целите и очекуваните разултати на работилницата.
ЦЕЛИ:
- Продлабочување на знаењето за употребата на новите медиуми, пред се` социјалните мрежи и блоговите
- Начини за презентирање и промовирање ставови и идеи, социјално поврзување и граѓански активизам
- Развивање вештина за имплементација на мултимедија (фото и видео) на блог или веб-страница, како и употреба на различни веб-алатки
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:
- Учесниците ќе научат да отворат сметка (account) на повеќе социјални мрежи
- Учесниците ќе научат повеќе за блог и форми на блог
- Учесниците ќе научат за обработка на аудио, видео и други видови на мултимедија
- Учесниците ќе научат како да употребуваат хиперлинкови и мултимедија како и негово промовирање преку социјалните мрежи
Ромаверзитас/ФИООМ ги покрива следните трошоци за работилницата: тренинг материјали, кафе паузи и ручек.

