roma indeks
Доби го Рома Индекс по
eMail

eMail
Лозинка





      Стипендирање
Ромаверзитас нуди финансиска поддршка на селектиран број студенти Роми за покривање на нивните академски трошоци во текот на нивните студии.

Висината на стипендиите зависи од академските достигнувања мерени преку преминот од година во година и според местото на студирање на студентите Роми (студенти кои студираат надвор од местото на живеење добиваат 1.300,00 УСД, а студентите кои студираат во местото на живеење добиваат 800,00 УСД). Студентите кои ќе покажат добри академски резултати (просек 8 и над 8) добиваат бонус од 200,00 УСД со цел нивна стимулација и зголемување на мотивацијата помеѓу студентите Роми за поголем успех во нивните студии. Стипендиите служат за покривање на трошоците за партиципација, патни трошоци, книги и за покривање на 50% од трошоците за сместување за оние студенти кои студираат надвор од местото на живеење.