roma indeks
Доби го Рома Индекс по
eMail

eMail
Лозинка





      Студентски фонд


Дебати, дискусии и академски панели: Студентите имаат можност да организираат дебати, дискусии и академски панели на различни теми, каде што покануваат претставници на Владините институции, НВО-секторот, луѓе од академската средина и од јавниот живот во Р. Македонија со цел актуелизирање на проблемите на студентите Роми во академската средина. Студентите покрај тоа што го прошируваат своето знаење тие се здобиваат и со комуникациски вештини, исто така и запознаваат нови пријатели од различни етнички заедници во Р. Македонија.

Мали истражувачки проекти: Студентите можат да аплицираат и да добијат грантови за мали истражувања поврзани со ромските проблеми и можните решенија за истите. Преку ваквите истражувања студентите се специјализираат во нивната област на студирање и тимската работа им овозможува подобра соработка со студентите не Роми.

Мали грантови за студентски патувања: Постои можност за студентите да добијат мали грантови за посета на летни школи, да учествуваат во размена на студенти или да учествуваат во други активности и тренинзи во земјата и надвор вклучувајќи и студенти од нивните области на студирање.