...................................................................................................

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија / Ромаверзитас

објавува

Отворен повик за програмата за туторство за студенти Роми

за академската 2009/10 година

Ромаверзитас е дел од Програмата за образование на Роми на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) кој е финансиран од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Фондот за програмата за туторирање за академската 2009/10 година е целосно обезбеден од Ромскиот образовен фонд (РЕФ).
Целта на Ромаверзитас е поддршка на напорите за создавање квалитетен професионален кадар меѓу Ромите и зголемување на нивните капацитети за вклучување во општествените текови.

Опис на програмата
Програмата нуди можност за туторска помош преку индивидуални часови на студенти Роми запишани во академската 2009/10 година како редовни или повторно запишани студенти на додипломски студии на било која година и област на студии на државните високообразовни институции во Република Македонија.
Туторство овозможува максимум 50 часови подучување за еден или најмногу 2 академски предмети. Туторската помош има за цел полесно и успешно совладување на предвидените наставни содржини.

Услови и начин за пријавување
На конкурсот можат да аплицираат студенти Роми кои студираат како редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети во Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:

  1. Пријава (формулар) со листа на нејасни теми;
  2. Оригинал потврда од факултет за запишана година на студии;
  3. Уверение (транскрипт) за положени испити;
  4. Копија од Индекс (за студентите од државните Универзитети);
  5. Индекс на увид (за студентите од државните Универзитети).

Документацијата треба да се достави лично и/или по пошта на адресата на Ромаверзитас - Македонија дадена подолу. Условите на користење на туторството како и обврските на туторираните студенти ќе бидат прецизирани со посебен Договор за користење на туторска помош.


КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ 15 СЕПТЕМВРИ, 2010 ГОДИНА

 

 

Пријави и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Ромаверзитас - Македонија, ул. Мирче Мацан бр. 26, 1000 Скопје, тел: 02/3296-142, факс: 02/3296-143, секој работен ден од 13:00 - 16:00 часот или на веб страницата на Ромаверзитас –www.romaversitas.edu.mk

 
 

 

 

 

 

 

 

 
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORPORATION I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION