Тим на Ромаверзитас
Наташа ДавчеваПроектен асистент
Аздријан Мемедов
Проектен асистент
Настанување на Ромаверзитас
PРомаверзитас е програма за високо образование на Роми како дел од Ромската Образовна Програма имплементирана од ФОО-Македонија. Основана е 2001 година, како заедничка иницијатива на ФОО-Македонија и ОО-Будимпешта. Ромаверзитас претставува логички продолжеток на програма за стипендирање и менторирање на студенти Роми; промовирање на еднакви можности за влез во образовни институции во Р.М., спроведувана од 1997 година од страна на ФИООМ.
Целна група на Ромаверзитас
Ромаверзитас поддржува студенти Роми, но од 2010-тата година официјално започна со работа со студенти не Роми.
Визијата е Ромаверзитас да придонесе кон креирање на критичка маса на добро едуцирани студенти Роми, кои на долгорочен план ќе се застапуваат себеси и својата заедница.
Во моментот, Ромаверзитас работи на следниве активности:
- Туторство
- Менторство на врсници
- Курсеви по компјутерски вештини и странски јазици
- Еднодневни работилници
- Тренинзи за градење вештини за социјална правда и
- Студентски иницијативи и проекти(СИП)
