ТУТОРСТВО


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија / Ромаверзитас објавува Отворен повик за програмата за туторство за студенти Роми за академската 2008/09 година

Ромаверзитас е дел од Програмата за образование на Роми на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) кој е финансиран од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Програмата нуди можност за туторска помош преку индивидуални часови на студенти Роми запишани во академската 2008/09 година како редовни или повторно запишани студенти на додипломски студии на било која година и област на студии на државните високообразовни институции во Република Македонија како и на Универзитето на Југоисточна Европа во Тетово.

Туторство овозможува максимум 50 часови подучување за еден или најмногу 2 предмети во една испитна сесија. Туторската помош има за цел полесно совладување на предвидените наставни содржини и успешно полагање на предвидените испити од страна на студентите Роми.

Фондот за програмата за туторирање за академската 2008/09 година е целосно обезбеден од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) и.Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Потребна документација за пријавување:

  1. Пријава (формулар) со листа на нејасни теми за програмата за туторирање
  2. Оригинал потврда од факултет за запишана година на студии
  3. Уверение (транскрипт) за положени испити (за студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово)
  4. Копија од Индекс (за студентите од државните Универзитети)
  5. Индекс на увид (за студентите од државните Универзитети)

 

Документацијата треба да се достави во назначениот рок лично и/или по пошта на адресата на Ромаверзитас-Македонија дадена подолу. Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Селекција:

Селекцијата на кандидатите ќе ја направи Ромаверзитас. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Условите на користење на туторството како и обврските на туторираните студенти ќе бидат прецизирани со посебен Договор за користење на туторска помош.

Краен рок за пријавување е 15 Септември, 2009 година

Напомена

Студентите кои имаат повеќе од два преостанати испити за редовно запишување на следен академски семестар/година немаат право на аплицирање.

Пријави и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Ромаверзитас-Македонија, ул. Мирче Мацан бр. 26, 1000 Скопје, тел: 02/3296-142, факс: 02/3296-143, секој работен ден од 13:00-16:00 часот или на веб страницата на Ромаверзитас – www.romaversitas.edu.mk

 

 

 

 

 

 

 

 
COPYRIGHT 2009 @ ACVILLA CORPORATION I WEB DESIGN I HOSTING SOLUTION