roma indeks
Доби го Рома Индекс по
eMail

eMail
Лозинка





      За Ромаверзитас

Што е Ромаверситас?

Одговорот има минато, сегашност и иднина.

Минатото го означува периодот на изминатите десетина години, во кој ФИООМ реализираше повеќе програми насочени кон подобрување на состојбата и поддршка на процесот на интеграција на Ромите во Македонија. Образованието уште од самиот почеток беше еден од најважните приоритети. Во 1997 година, ФИООМ отпочна Програма за стипендирање средношколци и студенти Роми, која обезбедуваше финансиска и менторска помош. Во годините што доаѓаа, мотивацијата кај младите Роми за продолжување на образованието постепено се зголемуваше, а бројот на студентите Роми растеше. Програмата на ФИООМ беше дел од тој процес на растеж.

Во 2004 година Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во партнерство со Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИОМ) започнаа со имплементација на програмата за образование на Ромите.

Задоволни од резултатите од имплементацијата на програмата "Ромаверзитас" и интересот што Ромската заедница и донаторит го покажаа за проектот, од јуни 2004 година, Ромаверзитас е дел од Програмата за образование на Роми, преку која УСАИД стана еден од позначајните донатори на Ромаверзитас.

Напорите на ФИООМ во 2001 година еволуираа во нова програма, наречена “Ромаверзитас”. Таа отпочна како заедничка инцицијатива на ФИООМ со Програмата за поддршка на високото образование на Институтот отворено општество од Будимпешта (ХЕСП) и претставува чекор понатаму во заложбите на ФИООМ за промовирање еднакви можности и еднаков пристап на маргинализираните групи во високото образование.

Во 1994 година, само 9 Роми студираа на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Во академската 2001/02 година, нивниот број се покачи на 87. Иако зголемен, бројот на студентите Роми и натаму учествува со исклучително мал процент (помалку од 1%) во вкупниот број запишани студенти на универзитетите во Македонија.

Стипендии на студенти Роми доделени од ФИООМ по академски години:

Академска година
Студенти 
1997/98
25
1998/99
26
1999/00
28
2000/01
17
2001/02
20
2002/03
30
2003/04
30
2004/05
63


Сегашноста за “Ромаверзитас” значи спроведување на концепт на неформално образование наменет за студентите Роми, стипендисти на Ромаверзитас запишани на редовни, додипломски студии од областа на општествено-хуманистичките науки на универзитетите во Република Македонија. И не само за нив - “Ромаверзитас” е подеднакво отворен и за останатите студенти Роми, без разлика на начинот на студирање, областа и годината на студии.

Преку различни отворени, флексибилни програми, кои постојано се надоградуваат, “Ромаверзитас” работи на пресретнување на академските потреби на студентите Роми и на подобрувањето на нивниот образовен успех, дефиниран пошироко (повисока стапка на влез во високото образование, подобар успех и достигнувања во студирањето, поголема самопочит и подобра интеграција со студентите не-Роми и како краен резултат навремено нивно дипломирање).

Иднината на “Ромаверзитас” е во создавањето нови и нови високостручни, квалитетни кадри-Роми, професионалци во одредени области, кои ќе придонесат за поквалитетно учество и побрзо социјално вклучување на ромската популација во академскиот живот и во граѓанското општество во Република Македонија.

ФИООМ самостојно, но и во соработка со други партнерски организации и донатори ќе помогне во осамостојувањето на “Ромаверзитас” и негово прераснување во организација којашто активно ќе учествува во креирањето на современа образовна политика во РМ.

Цели на Ромаверситас ?

Промовирање еднаков пристап и еднакви можности за ромските студенти во високото образование;
Подобрување на нивните академски достигнувања и јакнење на индивидуалните капацитети;
Создавање ромски професионалци во различни области и нивно вклучување во општествените текови;
Зголемување на мотивираноста кај средношколците Роми за студирање;
Активно вклучување на “Ромаверзитас” во ромската декада преку учество во креирањето национална образовна политика.

Очекувани резултати

Подобрување на проодноста и успехот кај студентите Роми;
Нивно побрзо интегрирање во академската средина и универзитетскиот живот;
Соработка и подобро разбирање со студентите од другите етнички заедници;
Зголемување на бројот на запишани средношколци Роми во високото образование и нивно навремено дипломирање;
Квалитетен ромски професионален кадар и подобра претставеност на ромската заедница во македонското општество;
“Ромаверзитас” - активен чинител во градењето образовна политика и во подобрување на образовниот статус на Ромите во РМ.

Како се спроведува

Студентите ги изнесуваат своите потреби и иницијативи, а во “Ромаверзитас” според тоа се креираат различни програми и се реализираат активности. За спроведување на одредени активности, честопати се ангажираат стручни тимови од универзитетски професори, а по потреба се ангажираат и надворешни консултанти.

“Ромаверзитас” се спроведува преку:

Програма за стипендирање и менторирање менторирање на студенти-Роми, која опфаќа финансиска поддршка на одреден број студенти Роми во форма на стипендии и менторска помош од страна на универзитетски професори или студенти-врсници;
Континуирана академска поддршка на студентите Роми за подобрување на капацитетите за учење и достигнувања во студирањето-модули;
Дополнителни обуки за развој на личните капацитети и индивидуалните вештини на студентите (курсеви по англиски јазик, компјутери итн..);
Отворени можности за поддршка на мали студентски иницијативи (академски проекти, истражувања и мали грантови за патувања во академски цели);
Летни школи;
Социјални активности, кои ги поттикнуваат интеракцијата и размената на идеи со останатите студенти;
Менторирање на врсници и формирање врски меѓу студентите и средношколците Роми, како и нивно вмрежување;
Обезбедени простории во центарот на Скопје, опремени со компјутери и пристап до Интернет, кои студентите можат да ги користат за одржување состаноци, дебати и за други активности;
Библиотека и други извори на информации за поддршка на нивното студирање.

 


  горе